Домаќински трикови со „кока кола“



Фосфорната киселина се содржи во доволно големо количество во овој пијалок, а тоа му дава својство да ја разложува нечистотијата, бигорот, рѓата и други органски нечистотии. Затоа, сосема мирно со неа може да замениме некои
силни детергенти.


Таа не содржи хлор, ниту испарливи супстанции штетни за кожата и слузницата на дишните патишта.

– Ако има нешто изгорено на шпоретот, едноставно прелијте со течноста и по некое време избришете. Овој метод е
погоден за површини кои не смеат да се гребат со абразивни средства за чистење.


– За чистење на тоалетот, истурете барем 500 милилитри кока кола и почекајте најмалку половина час. Потоа, изгребете со четка, како и обично, па исплакнете.

– Прелијте ги со кока кола металните алатки од кои сакате да ја отстраните ‘рѓата и почекајте неколку часа. Конечно исплакнете и задолжително исушете.