Дојран Рок Фест ќе се одржи на 7 Август



Како нов проект, Здружението Андерфест ќе го одржи првото издание на Дојран Рок Фест. „Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7 август 2021 година на плоштадот во Стар Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот.


Се очекува да настапат неколку реномирани, но и млади изведувачи со што ќе се придонесе за збогатување на културниот живот во општина Дојран и околината. Влезот ќе биде бесплатен.

„Исто така планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран“.


На фестивалот ќе настапат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа Bad Obsession, High Voltage, Cruel, Daktili и The Chicks.

Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.


Настанот го покрива Министерство за Култура.