Додека бил со тебе те менувал уште со којзнае колку други… Не си му била доволна, сфаќаш?


Пушти го…

Слушај мила… да си му значела, да те сакал и да те ценел зарем ова ќе случеше?
Не,немој… избриши ги солзите. Знам,тешко е. Да сакаш и да бидеш повреден баш од оние од кои најмалку очекуваш..
Пушти го нека оди, не те заслужува ни тебе, а ни твојата љубов. Пушти го него,сите спомени,целата болка, пушти… Ако не те сакал зарем можеш да го задржиш покрај себе?
Што ќе ти е?
Додека бил со тебе те менувал уште со којзнае колку други…
Не си му била доволна, сфаќаш?
Тогаш зошто уште се грижиш? Зошто и понатаму продолжуваш да правиш окeани од солзи? Зошто се трудиш да го вратиш?
За да повторно те повреди?
За пак од почеток се да доживееш?
За пак да плачеш и пак да те боли?
Те скршил мила…
Но ти му дозволи,му дозволи без да знаеш дека ќе биде вака, а пак и од каде би знаела?
Тој те лажеше и ти глумеше.
Ти не погреши никаде.
Искрено го сакаше и слепо му веруваше.
Замисли само додека ти го држеше за рака мислејќи дека е само твој и дека го држиш целиот свет в рака сите гледајќите во очи ти се смееле затоа што слепо си сакала..
Затоа што знаеле што сé се мотка позади твојот грб…
Како и да е заврши мила… ќе помине.
Стегни заби и исправи се.
Крени ја главата високо горе и насмевни се, колку и да боли издржи затоа што и од лошото има полошо. 😊

Автор: Мартина Коколанска