Нема посилна љубов од љубовта на родителите кон своите деца. Да се биде родител е голем чекор и голема одговорност. Децата ги земаат сите навики од дома. Тие учат од своите родители и усвојуваат модели на однесување, затоа добриот татко треба да им дава добар пример на своите деца.
Него го красат овие особини: Вистински татко не е оној кој заработува многу пари за да им купи скапи подароци на сопругата и децата или да ги носи на одмор двапати годишно. Не е ни тој што заработува доволно пари за на своите деца да им обезбеди образование во приватно училиште и да им ги покрие сите трошоци.
Вистински татко е оној кој е секогаш таму. Оној кој не го напушта семејството во најтешките моменти и никогаш не ги остава најблиските сами да се справуваат со проблемите. Вистинскиот татко е подготвен да вложи труд и време, дури и кога е уморен, само за да ги задоволи своите деца.
Вистински и посветен татко е оној кој е подготвен да прави компромиси за доброто на своето семејство и во одредени моменти да ги жртвува сопствените потреби, желби, па дури и среќа. Добриот татко ги учи своите деца на вистински вредности, љубов, добрина и лојалност. Навистина добар татко е оној кој е пример за правилниот однос кон својата сопруга.
Текстот продолжува на следната страна
Страни: 1 2