ДНК со концертен настап во Summer Club Privilege



После пауза од една година, r`n`b дуото- ДНК повторно на сцена, во живо, пред сите свои фанови. Се најавува перформанс со многу емоции и позитивна енергија на сцената во Summer Club Privilege. Тоа ќе биде концертен настап во целосен состав, настан кој никој не смее да го пропушти.

Скопјани конечно ќе имаат можност да уживаат во клубски концертен настап со бенд на нашето нај големо r`n`b дуо – ДНК. Настанот ќе се одржи на 7-ми Јуни, недела во Central Park Privilege клубот точно на полноќ, а ќе биде збогатен и со настап на специјален гостин.


Панчо и Андреј заедно со нивниот бенд (Танче Гроздановски – гитара, Никола Бочваров – бас, Сашо Стојановски – тапани, Влатко Георгиев – сајзер, Горан Папаз – сакс и придружните вокали, Маја Саздановска, Сара Николовска и Ана Костадиновска) Ве канат на незаборавен перформанс какви што беа оние кои ги наполнија Универзална Сала и Метрополис арената. “Навлечен на тебе”, “Што сака нека биде”, “Дада”, “Срце”, “Најмила”, се само дел од хитовите на DNK кои ќе се пеат на концертниот настап, а за warm-up делот ќе бидат задолжени Dj Irie Scratch и Dj Mawrteen (SureShotz Entertainment).

Емоции, адреналин, хитови и целовечерно уживање е она што ќе можат да го видат сите посетители и присутни на концертниот настап во недела, 7-ми јуни.


Картите ќе може да се купат пред самиот настан, во недела, на касата на Summer Club Privilege.

Бројот на карти и резервации е ограничен. Овој перформанс во живо на едни од најдобрите музичари кај нас не се пропушта. Тоа ќе биде вечер за паметење и интимна забава на која никој нема да остане рамнодушен.