Диетата за Сузан: Ослабете 6 кг. за еден месец


Диетата за добро расположение ја направи Сузан Клајнер, американска нутриционистка и жена која повеќе од 25 години се бави со нутриционизам, фитнес и човековото здравје. Како и секоја диета, така и оваа подразбира дека треба да ги промените своите навики, но во текот на овие 4 недели колку што трае, ќе почнете поинаку да гледате на животот и исхраната. Со губењето на килограмите, ќе бидете исполнети со добро расположение и позитивна енергија.

Паметно комбинирајте

Успехот на оваа диета се крие во правилното комбинирање на храната. Во трите главни оброци  се наоѓаат намирници кои влијаат на вашето расположение, додека пак двете мали ужинки, на вашето тело му обезбедуваат сосема доволно количество на шеќер кој во целост ќе го отстрани чувството на глад. Ако се придржувате  до сите правила кои ги налага оваа диета, за еден месец ќе загубите 6 килограми. Планот на исхрана можете да го направите и самите, придржувајќи се до дозволените намирници. Доколку не ви се јаде пилешко месо, тогаш заменете го со печурки или соја. Дозволени ви се секаков вид на овошје и зеленчук.

Што треба да се јаде

Менито  збогатете го со храна која е богата со јаглехидрати, а намалете го внесот на протеини. Значи, јадете повеќе компири, тестенини, грав, леќа, житарки, но намален е внесот на месото, млекото и сирењето. Не го заборавајте ни пилешкото, рибата, јужното овошје и авокадото. Добредојдени се зачините кои го стимулираат лачењето на хормоните на среќата –  ванила, ѓумбир, мускатно оревче, коријандер.. За време на диетата дневно задолжително пијте 2 литри вода или незасладен чај. Избегнете го попладневниот пад на енергија со шумско овошје кое е богато со диететски влакна.

Вашето мени:

1. Ден
7 h – 50 гр. овесни снегулки, 250 мл млеко или јогурт со 1% масленост
10 h – банана или палачинка со мармалад
13 h – 150 г парче лосос на скара, 50 г варен грашок
16 h – 30 г мусли, 2 дл цеден сок од портокал
19 h – 130 г пилешки стек печен во рерна со 100 гр. компири, домати и сок од лимон

2. Ден
7 h – 125 гр. овесни снегулки, 2 дцл. млеко, 1 банана
10 h –  парче  интегрален леб, 75 гр. туна, 2 дцл. сок од ананас
13 h – 75 гр. пилешко месо, 75 гр. печен компир, 175 гр. варена брокула
16 h – 115 гр. посни крекери
19 h – 125 гр.  динстано јунешко месо, 200 гр. печени компири во лушпа, зелена салата

3. Ден

7 h – изблендајте 1 банана, 2 рендани јаболка со 250 мл.млеко или јогурт
10 h – 125 гр. варен грав, парче интегрален леб, 1 јаболко
13 h – 125 гр. пилешка шунка, јогурт
16 h – 2 посни бисквити, 1 круша
19 h – 175 гр. варено пилешко месо, 2 домати на скара, 100 гр. сутлијаш со 1 лажица мед

Страни: 1 2