Loading...

Диетата “утринска банана”: со една банана наутро до минус 16 килограми


Диетата “утринска банана” е едноставна популарна диета која пред три години доведе до недостаток на банани на јапонскиот пазар. Создадена од Сумико Ватанабе за нејзиниот сопруг Хитоши, диетата прво ги освои јапонските ентузијасти за слабеење, а потоа се прошири низ целиот свет.

Диетата “утринска банана” е лесна, не е скапа и не бара броење калории, ниту да фрлите определен тип производи од диетата.

Денот треба да започне со консумирање на банани. Ако една банана не ве засити, можете да изедете уште една, но не треба да се прејадувате. Бананите треба да се консумираат свежи.

Со бананите пијте чаша вода на собна температура. Водата не треба да биде ладна или топла, но препорачливо е да биде на собна температура. Ако сакате да пиете кафе, направете го 20 минути по појадокот. Јадете нормален ручек и вечера. Со оваа исхрана не го ограничувате внесот на калории, ниту се бара одредени производи да се исфрлат од вашето мени, освен масната храна. Единственото правило кое треба да го почитувате е да не се прејадувате, односно да јадете додека не постигнете 80% сатурација.

Забранета е исхраната со десерти. Не треба да се консумираат ниту слатки, ниту солени десерти по оброкот. Единствено во 15 часот попладне е дозволен сладок појадок. Можете да каснете неколку коцки чоколадо или колаче.

Страни: 1 2