Диетата што не се држи повеќе од 4 дена



Најчестата тема за разговор меѓу жените е секако – брзите диети. Постојат голем број на диети и режими на исхрана кои нудат различни методи и различна храна, со чија помош многу брзо се топат мастите.


Но, секогаш треба да бидете внимателни со ваквите диети, бидејќи секогаш постои опасност од јо-јо ефект.

Овој пијалак е исклучително ефикасен и многу едноставно се приготвува. Само треба да ги следите следните инструкции:


Потребни состојки:

8 чаши вода


1 лажиче ѓумбир во прав

1 средна краставица, излупена и исечкана на парчиња

1 среден лимон исечен на парчиња

12 свежи листови нане и 1 лажиче сушено нане

Постапка:

Пијалакот треба да го приготвите одвечер: во еден бокал ставете вода, додадете ги другите состојки, промешајте и оставете во фрижидер. Во текот на денот треба да испиете најмалку 4-5 чаши од овој напиток.

Покрај тоа, потребно е да ја намалите количината на оброците и правилно да ги распоредите во текот на денот.

Од витално значење е да имате и некоја физичка активност, барем по 20 минути дневно.

Напомена: бидејќи овој режим бара големо намалување на количината на порциите, не треба да се држи повеќе од 4 до 7 дена. Напитокот можете да продолжите да го пиете и по престанокот на диетата. Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар!