Диета со печурки која го освојува светот


Диетата со печурки е идеја која потекнува од Велика Британија, а во Холивуд ја промовираа две девојки – Кети Пери и Кели Озборн. Диетата уште се нарекува и М- План (mushrooms), а нејзините творци тврдат дека со неа се намалува обемот на надлактиците, бутините и струкот, додека градите остануваат такви какви што биле.

Планот во суштина е многу едноставен. Се` што треба да направите е еден оброк во текот на денот да го замените со оброк кој вклучува и многу печурки. Постапката ја следите две седмици и тоа е се`! Некои стручњаци за слабеење се скептични во однос на тврдењата на оваа диета, бидејќи велат дека не е можно да се нзае кој дел од телото ќе слацбее, а кој не, бидејќи секоја физиономија и организам се различни.

Но, тие истовремено тврдат и дека печурките се навистина одлична храна која има само 25 калории во чаша сечкани печурки, 2 грама влакна, а бидејќи имаат повеќе калиум од бананите и портокалите, тие се извонредно корисни за сите.

Останува само да ја испробате и да споделите искуства 🙂