Поради снимањето на новата серија, турскиот актер Халит Ергенч морал да слабее, па сопругата Бергузе ги земала работите во свои раце и вовела нов семеен режим на исхрана.
Турската серија „Ти си мојата татковина“, која почнала да се емитува во октомври 2016 година, ги урна сите рекорди на гледаност во Турција.
Не е за чудење што е така, затоа што во неа глумат Халит Ергенч и неговата сопруга Бергузе Корел, славните Онур и Шехерезада од „1001 ноќ“. Покрај тоа и приказната удира на националните емоции поради тоа што зборува за крајот на Османското царство, ослободителната војна и формирањето на републиката.
Всушност, сагата почнува во 1912 година, за време на балканските војни, кога главниот херој, полковникот Џевдет паѓа во грчко заробеништво и во него поминува неколку години. Во доста тешки услови, секако.
За да верно го долови ликот на заробеник, Халит морал брзо да ослабне, а сепак да ја сочува силата за напорните снимања.
Тука неговата енергична сопруга Бергузар ги преземала работите во свои раце и организирала мени според кое Халит за месец дена ослабнал дури 14 килограми, а таа околу седум.
-Јадам сиров зеленчук и полупечено месо“, открил Халит кој со војничка дисциплина се придржувал до режимот кој сопругата му го одредила.
-Исто така, од исхраната ги исфрлив шеќер, намирниците со глутен и млечните производи. Всушност можам да кажам дека бев на сирова храна“, признал славниот актер.
За време на диетата Халит јадел сиров спанаќ, целер, цвекло, морков, авокадо, зелени јаболка и ѓумбир, а од пијалаците пиел чиста лимонада и сок направен од изртени житарки.
Како што изјавил сопругата му подготвувала и чорба од тиква, крекери од бадеми и ленено семе, индиски ореви, како путер и кокос, како и благо од урми, портокал и нане.
Извор: Македонија денес