Ништо на овој свет не е комплицирано. Ништо. Тоа што сме ние комплицирани, тоа е друго. Животот е едноставен да се разбере. Љубовта исто така.
Ништо што живееш девојко, немој да живееш на пола. Ништо немој да сонуваш на пола, ништо немој ни да даваш на пола. Таква приказна не постои.
Срце немаш пола, па немој пола да го даваш. Душа немаш пола, па немој да ја поклонуваш таква.
Достоинството е најважно. Чувај го со раце и со коски. Чувај ја онаа дама во себе.
Чувај ја насмевката која не е создадена за секого. Забите сите ќе ги приметат. Насмевката нема.
Очите и нивната боја сите ќе ги приметат, ама погледот нема. Добро препознај ја таа разлика.
Девојко премногу си голема. Премногу си длабока за површно да се претставуваш.
Чувај. Сокри. Пази. Се твое највредно, најубаво.
Оној вистинскиот ќе го пронајде тоа нешто, а ништо нема да треба да направиш. Запамти го тоа.
Ќе Те разбере се без зборови.
Автор: Дејан Велевски