Девојките пушачи се дебелеат 3 пати повеќе од непушачите



Со ова американските научници го разоткрија митот дека пушењето помага за намалување на тежината.


Новото истражување покажа дека младите пушачки натрупуваат три пати повеќе тежина од непушачите, објавија во “Дејли Меил”.

Оваа вест го разоткрива митот дека пушењето помага за намалување на тежината. Сепак научниците дополнуваат дека нема претходни студии, кои истражуваат дали пушачите качуваат помалку килограми.


Авторите на студијата, научниците во Орегонскиот истражувачки институт, набљудувале 400 млади жени во текот на две години. Пушачките се дебелат доста повеќе од непушачките, при што се зема во предвид тежината на жените пред почетокот на студијата, наследството на дебелината и други фактори.

Пушачките се подебели со 2.9 кг, а непушачките само со 0,9 кг.