Девојката треба да знае дека е единствена! Ако веќе и даваш причини, дај и разбирање, трпение, почитување и љубов



На девојка не смееш да и дадеш друга девојка како “причина за да се бори за тебе”. Многу девојки се уморни од тоа…Преуморни.
Затоа брзо ќе се и отидат. Права девојка сака да има нешто само свое, и кога е поред тебе и кога не е.
Девојката треба да знае дека е единствена! Ако веќе и даваш причини, дај и разбирање, трпение, почитување и љубов. Тоа нека бидат причини – не да се бори за тебе, туку за вас двајца.
За ваше заедничко “утре”, за ваше “засекогаш”.
Девојката е мудар и најјак борец кога ќе сфати дека вреди се она поради кое се бори.


Автор: Дејан Велевски