Девојката што ја претвора секоја грда облека во прекрасен модерен фустан (Фото)



Таа има интересно и корисно хоби! Џилијан Овенс од Колумбија е писателка и дизајнерка, која има малку поинаков поглед на модата. Таа е толку талентирана што може секоја стара и грда облека да ја претвори во прекрасен фустан!


“Во денешно време многу луѓе сакаат да изгледаат добро, но се соочуваат со финансиски тешкотии.

“Загрижена сум од фактот дека има доста луѓе кои носат облека само по еднаш-два пати, а потоа ја исфрлаат. Тоа се одразува негативно на нашата планета”, расудува дизајнерката.


Џилијан докажува дека секој може да има модерна облека за малку пари, без да ја загадува непотребно животната средина.

Погледнете дел од нејзината колекција: