Девојка на принцот Хари со специјален прстен со уште посебно значење …



Меган Маркeл, новата жена во срцето на принцот Хари, беше забележана со интересен прстен на раката, последните неколку дена, додека се шеташе во Лондон.


Американската актерка, која во моментов се снима во серијата “Костумари”, носеше прстен со буквичката “H” (од Harry) на десната рака и изгледаше во видливо добро расположение по улиците на градот.

Ова не е прв случај во кој Меган ја докажува љубовта кон британскиот благородник. Пред неколку месеци таа била забележана како носи ѓердан со буквите “М” и “H” (oд Megan и Harry).


princhari2

Принцот Хари има 32 години, а Меган 35. Двајцата се среќаваат веќе неколку месеци, а нивната врска стана јавна во декември 2016-та.