
Матури порано:
– Од поклони добиваш пижами од Вартекст – Вараждин кои вртат во фамилијата од 1976-та, вино кое ќе им го вратиш ко ќе им одиш на слава, колекција Str8 и по некој плик со пари кои ти ги земаат твоите пошто се истрошиле
– Пошто никој не одеше во теретана со одело изгледаш како да си дошол од нива кај по плашиш врабци и други штетници. Женските прв пат клаваат штикли и одат ко новороденче на жирафа со потрес на мозокот. Прв пат и се шминкаат па така пола од вечерта не можеш да ги познаеш која е која
– Музиката од локален бенд. Нормално безвеза име плус му додаваш бенд. Алтернатор бенд. Свират од Хендрикс до Хашим Кучук Хоки. Ништо не годат…
– За јадење има шо останало од свадбите минатите недели
– Те сликаат два пати од фото студио: еднаш ко влегвате в кафана со партнерката и еднаш со цел клас. Ти наплаќаат 150 и чао
Матури сега:
– Од поклони зголемување на цицки, исправање на кур (се надевам не на ист матурант ова), хименопластика, пат низ Европа да одмори детето, Мини Морис нов и шо знам друго шо сакаат младите. Табли за шах ваљда
– Сите вежбаат од прва година, со стероиди се хранат на голем одмор па им пукаат сакоата и дрвените лептир машни. Девојчињата се шминкаат од шесто одделение, второ полугодие така да немаат проблем и се во дизајнерски креации. Девојчињата од мојата генерација не изгледаат зрело ко нив.
– Нормално, за музиката ќе се погрижи диџеј со конги, брас секција, а друг ќе пушта хауфче… До 11 сатот дур не стигнат промилите колку прелазна оцена после оди Аца, Сека и наравно Џеј
– Храна… Кето посебно, безглутенски посебно, веган во ќошот плаче оти во пајнцата имал мртво животно, хроно, нема кикири за мезе оти има алергичен кој може да умре од мирисот…
– Сликање беше порано. Се почнува со фото сесија со професионален апарат, дома, кај по чита книга (нема ни една книга прочитано), со чаша вино покрај клавир или лцд телевизор, од земањето на партнерката, па влегување во сала. И најтажното сѐ ова оди како вест на портали.
Facebook статус: Божидар Божиновски