
Децата се имагинативни, храбри и самоуверени уште од најрана возраст. За да можат да ја изразат својата креативност потребни им се нови методи кои ќе ги научат како да го направат тоа. Новите методи се неопходни бидејќи ќе ги научат децата на нов пристап кон совладување на проблемите и решавање на задачите, воедно им нуди нова перцепција.
Со таа цел, минатата недела се одржа првата Летна Design Thinking школа, која им даде можност на најмладите умови да ја изразат својата креативност, воедно да се запознаат со Design Thinking методологијата.
За време на петдневната школа, учествуваа 10 млади и креативни умови кои успеаа да ги поминат сите фази на Design Thinking методологијата, да дефинираат персона и проблем и за истиот да креираат соодветно концепт-решение.
Летната Design Thinking школа беше предводена од сертифициран DT тренер – Лела Анастасова и за истата таа изјави:
“Секоја ефективна работилница или катче треба да започне со активности за загревање, таканаречени мразо-кршачи. Откако учесниците ќе се запознаат, процесот на Design Thinking може да започне. Првиот чекор секогаш е размислување со емпатија за луѓето за кои креираме. Овој чекор опфаќа дефинирање на целта и дискусија со сите учесници. Следниот чекор е смислувањето идеи, од кои потоа се прават прототипи. Прототипите се тестираат, и од таму учесниците дознаваат што направиле добро, и што треба да се подобри.”
Преку овој циклус од 5 чекори децата создадоа реални концепт-решенија, и во тим со други креативци заедно направија прототип од истите. Design Thinking работилниците ги учат децата како да решаваат комплексни проблеми, како да соработуваат со други и го развиваат претприемачкиот дух во нив. Без разлика на тоа кои се интересите, талентите и аспирациите на секое дете, Design Thinking методологијата ќе му помогне полесно да се справи со сите пречки кои ќе му се најдат на патот во реализирање на неговите соништа.
Посетете ја нашата веб-страна, доколку сакате да бидете први кои ќе дознаете за следната Летна Design Thinking школа.