Децата што спијат заедно со родителите кога ќе пораснат се попаметни, поснаодливи и посамоуверени



Ако спиете заедно во креветот со деца, веројатно знаете многу добро дека ова е тешко и неодоливо во исто време. Можеби не можете да спиете како кога имате цел душек само за себе, бидејќи мора да има место и за партнерот и за детето. А понекогаш и за неговото братче или сестричка, пишува Мама Гламур.

И покрај тоа што ви е јасно дека ова нема да трае вечно, сепак – спиењето на детето покрја вас има и некои предости.

Имено, според објавените резултати од научното истражување, децата кои спијат со родители кога ќе созреат се побезбедни, поинтелигентни и самоуверени.

Истражувањето покажа дека децата кои среде ноќ од својот кревет се префрлаат кај родителите постигнуваат подобри резултати на когнитивните тестови во првите степени од основното училиште.

Исто така, овие деца се повеќе задоволни од својот живот во зрелоста и се посигурни кога станува збор за љубовните односи кои се особено важни за момчињата.

„Се испостави дека мажите кои спиеле со своите родители како деца се посигурни, помалку се чувствуваат виновни и не се вознемирени”, се заклучува во студијата.

„Не сум баш сигурна колку е удобно за мене да спијам со детското стапало на моето лице, но ќе се обидам да ги запомнам овие предности и да ги искористам следниот пат”, коментира една мајка за резултатите од истражувањето.

Заеднички спиење со мали бебиња не се препорачува поради опасноста од синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата.