Децата од Домот „11 октомври” со нетрпение ја очекуваат новата ботаничка градина – Донирајте и Вие!



Со наближувањето на патрониот празник на Домот за деца без родителска грижа „11 октомври”, преку донаторската кампања која сеуште трае, сите правни и физички лица имаат можност да донираат средства за изградба на ботаничка градина во склоп на Домот за деца без родителска грижа „11 октомври”.


По тој повод, ова е можност да се обединиме сите заедно и преку добротворно собирање средства да помогнеме и да го подобриме детскиот живот и секојдневие на децата на кои им треба нашата поддршка и помош.

Сите заинтересирани приватни и правни лица доброволно можат да донираат на жиро-сметката трезор 1000000000 630 95 НБРМ, како и на жиро-сметката – донаторски буџетски корисник 1500102593 785 11, приходно конто 725939.


На денот на патрониот празник, децата од домот организираат „grill” забава која ќе се оддржи на локацијата во дворот предвидена за изградба на ботаничката градина. Со оваа акција секоја личност која донира го поддржува креирањето на здрав живот за децата од домот „11 октомври”, како и охрабрувањето на децата доброволно да се грижат за градината и да се едуцираат за здравиот начин на живот.

Донаторската акција и кампања е поддржана од Министерството за труд и социјална политика, МПМ Македонија и Идеа Лаб.


Да донираме и да помогнеме!

Бидејќи навиките се стекнуваат од мали нозе!