Детето се воспитува до третата година



Според Масару Ибука, кој е познат не само со прогресивните концепти во однос на воспитувањето на децата, но и како ко-основач на корпорацијата Sony, по третата година тешко е да го промените карактерот на едно дете.


Според Ибука развојот на клетките на главниот мозок се завршува на осумдесет проценти кон третата година, па затоа треба да помагате во развојот на детето, кога неговиот мозок се уште се формира.

Ибука смета дека луѓето се раѓаат горе-долу исти, и сето тоа зависи од воспитувањето. Малото дете е како чист лист на кој можете да напишете што сакате.


Малите деца имаат неисцрпни можности за преработка на информации. Најважната цел на раниот развој е да се открие потенцијалот на детето.

Ибука смета дека огромно значење за раниот развој на детето има животната средина. Тоа „црпи“ најмногу од своите родители.


Затоа, додека детето е мало, земајте го што е можно почесто во раце, иако ова не е препорачливо од други автори кои сметаат дека така бебето се разгалува.

Детето се чувствува заштитено во вашата прегратка. Не грижете се да го оставате бебето да спие до вас, дури и кога ќе порасне мало.

Не игнорирајте го плачот на детето, не игнорирајте ги неговите детски стравови – она што на возрасните им се чини ситница, за детето може да биде сериозен проблем.