Се прашував каква ќе беше годината ако се родеше мало девојче. Девојченце како мене. Дали би била сушна и несреќна? Полна со лоши вести? „Што е ? Момче ли е? ” Се погледнавме со маж ми и рековме: “Не, тоа е девојче”.
Свештеникот рече: “Ох, девојка. Следната година ќе биде син.” Моето воспитување во тој момент не ми дозволи нешто повеќе да кажам. Тој зеде половина од босилекот, натопена во вода, и прсна по креветот. Таа се разбуди. Плачањето стана гласно како да сака целиот свет да ја слушне.
“Јас сум девојка. Гласна сум. Јас сум здрава. Им вредам на мама и тато. Јас сум достојна за светот. Го ценам Бог кој го претставуваш. ” Свештеникот рече: “Ох, девојка. Следната година ќе биде син. ”
Јaнуари 2017 година. Во Универзитетскиот клинички центар, шест бебиња се родени во ноќта од 31 декември до 1-ви јануари. Лекарот не ја пропуштил можноста да се смести пред микрофонот и да рече: “Во изминатите 24 часа се родиле шест бебиња и, за среќа, шест момчиња”.
За среќа, шест момчиња? За среќа, шест! За среќа! Дали можеби сакаше да рече дека шест момчиња се родени, за среќа, здрави и напредни, на радост на сите нас, родители? Можеби таа не сакаше да звучи вака. Можеби мислеше поинаку. Можеби таа беше збунета.
Текстот продолжува на следната страна