Десетте нации во светот кои најмногу изневеруваат



Ново истражување ги утврди нациите во светот каде што најчесто се изневерува. Во анкетата учествувале 26 000 брачни парови од 26 земји.

Истражувањето е спроведено од страна на компанијата за производство на кондоми Sexual Wellbeing Global Survey. Прашањата во анкетите се однесувале до неверството и сексуалното здравје во целина.

На прво место меѓу неверните нации се рангираат Тајланѓаните. 56% од жителите на земјата го изневерувале партнерот, а многу од брачните парови признаваат дека водат слободоумен и полигамен сексуален живот.

На второ место по изневери се рангираат жителите на Данска, каде 46% од сопружниците го измамиле партнерот со друг интимен партнер. Со 45% наредни во рангирањето се Италијанците и Германците, кои исто така го сметаат половиот однос со друг партнер за прифатлив.

По нив се Французите со 43% изневерувања, а на шестото место е Норвешка, со 41% изневерувани сопрузи.

Потоа следи Белгија – 40%, Шпанија – 39%, Велика Британија – 36% и Финска со 36% изневерувани партнери.

Неверните во Франција и Германија имаат заедничко дека не ја прифаќаат авантурата како причина за разделба.