Десетте храни на среќата



Среќата сепак не е само мисла. Не е само начин на однесување, среќата е и храна. Храна која влијае на нашето тело така, како најубавата книга или омилена песна на душата.


Препорачливо е секојдневното мени да содржи комбинација од најмалку три храни на среќата.

Разновидноста, убавата комбинација на вкусови придонесува за зголемување на чувството на среќа.


Црна чоколада – совршен десерт за секој со заситен вкус и арома. Од црното чоколадо во умерени количини не е поправање, токму спротивното – го регулира метаболизмот. Има содржина на аминокиселината триптофан, го стимулира ослободувањето на ендорфин и предизвикува еуфорија.

Киноа – суперхрана која ги содржи на едно место 9-те основни вида аминокиселини. Веднаш по конзумирањето, организмот реагира позитивно и ја ослободува акумулирана енергија која доведува до зголемување на индексот на среќата. Најдобро е  да се јаде во вид на салата или како замена на ориз.


Спанаќ – Добро познат во супите, питите, како гарнирот, а во модерната кујна се употребува и како сурова салата. Содржи фолна киселина – антиоксиданс кој ги подобрува расположението и штити од замор.

Лосос – Вкусна и здрава која заситува. Може да влегува во различни комбинации, како сурова, така и обработена храна – салати, омлет, суши, супи, печена и на тава ..

Авокадо – Познато по уникатните хранливи квалитети, авокадото е комбинација меѓу овошје, зеленчук и јатки. Содржи серотонин, кој го зголемува расположението и го смирува нервниот систем. Создава моментално чувство на ситост.

Страни: 1 2