
Клајд Килби бил професор по англиска книжевност на факултетот Витон. Тој исто така бил и длабоко религиозен и духовен човек, кој држел предавања за тоа како луѓето да пронајдат мир и да си го променат животот на подобро.
На последното свое такво предавање, од 1976 година, изнел попис одлуки за тоа како најлесно може да си го зачуваме менталното здравје:
Најмалку еднаш дневно ќе погледнам во небото и ќе се сетам дека јас, свесност со совест, се наоѓам на планета која патува низ вселената и дека секаде околу мене се наоѓаат прекрасни и мистериозни работи.
Наместо вообичаената идеја за еволуциските промени, на кои не можеме ништо да им додадеме или одземеме, претпоставувам дека со вселената и животот управува повисока Интелигенција која бара почеток, средина и крај.
Нема да дозволам да им верувам на лагите дека овој ден, или бил кој друг ден, е само уште еден збир на двосмислени, бавни 24 часа, туку е единствено случување преполно со потенцијали. Нема да бидам толку беден и да верувам дека секоја неволја и болка секогаш се зло, туку се само скали по кои ќе се искачам кон мојата морална и духовна зрелост
Својот живот нема да го претворам во тенка, рамна линија на која ќе ја преферирам апстракцијата наместо стварноста.
Нема да ја намалам својата единственост со тоа што ќе им завидувам на другите. Ќе престанам со обид во себе да ја најдам психолошката и општествената категорија во која припаѓам. Воглавно ќе заборавам на себе и ќе си ја работам својата работа.
Страни: 1 2