Десет начини да си го разведрите денот



Под стрес сте? Се чувствувате уморна? Грижете се за себе. Малите нешта се оние во животот кои не тераат да стануваме наутро, па затоа прочитајте ги овие испробани совети и расположете се во текот на целиот ден.


Без разлика дали расположението ви е лошо или животот ви е натоварен, одвојте малку време и уживајте во себе – бидете сами!

Насмевнете се. Тоа е природен начин да се чувствувате добро со себе и да уживате во животот. Проширете ја насмевката – таа е заразна.


Наспијте се. Зграбете го својот неработен ден, одвојте малку време да се излежувате во кревет и да уживате во тишината на утрото.

Појадувајте. Појадокот е најважниот оброк во денот и дава почетен поттик на метаболизмот и расположението.


Купете цвеќиња. Нема ништо поубаво од мирисот и видот на свежо цвеќе.

Запалете неколку свеќи . Во секое време од денот тие ќе ви дадат топлина за која копнеете во студените и мрачни денови. А и не заборавајте дека создаваат романтична атмосфера.

Исклучете го телевизорот. Ослободи се од оваа досадна бучава од телевизорот. Уживајте во тишината.

Пишувајте. Знаете ли дека допирот на хемикалии до хартијата е тарапевтично средство ? Чувството од пишувањето на хартија е пријатен одмор од пишувањето на тастатура.

Згответе нешто ….

Танцувајте. Зголемете го звукот и танцувајте, сеедно никој не гледа !

Отидете во црква