Депилација во деликатните интимни зони



Многу жени го прават, но факт е дека депилацијата на интимните делови е за најхрабрите. Но, факт е и дека по оваа постапка, сигурни сте за видот во овие зони со недели.

Ако сте решиле да се посветите на овој метод за деликатно одржување на мазна кожа, пред да започнете со редовно спроведување на постапката, ви препорачуваме да се запознаете со некои методи за тоа како да ја направите малку безболна.

Без кафе

На денот на постапката заштедете си го кафето – кофеинот е стимуланс, кој ќе ве направи дополнително чувствителни. Еве еден идеален момент во кој може да се обидете да пиете наутро чај.

Ексфолирајте ги зоните

Два дена претходно користете пилинг за тело, за да се отстрани мртвата кожа – ова ќе го направи пристапот на восокот до влакната многу полесен и ќе ја олесни постапката во целина.

Ставете крем против болка 

Не користете мраз пред депилација – студот ќе ги затвори порите и ќе ја направи вашата кожа поцврста што ќе го отежни отстранувањето на влакната. Наместо тоа, користете крем против болка, и намачкајте околу 30 минути пред депилацијата.

Прагот на болката е многу повисок во првите денови по крајот на циклусот. Затоа се планира отстранување на влакната во првите денови после почетокот – т.е. додека сте уште во циклус.

Аспирин

45 минути пред отстранувањето на влакна, испијте два аспирина, растворени во чаша вода. На овој начин, додека одите до козметичкиот салон, тие веќе ќе дејствуваат.

Направете си топла бања

Ако имате време ( и када ) останете во неа во топла вода за околу 20 минути пред процедурата – тоа ги отвора порите и ги омекнува влакната. Така тие се отстрануваат полесно.

Дишете

Ова е можеби најтешкото нешто што може да го направите, бидејќи задржувањето на здивот додека ве боли, е многу природно. Наместо тоа, направете свесен напор да дишете длабоко и да издишувате длабоко, во моментов, во кој лентата со восок се отстранува со нагло движење.

Осигурајте се дека сте со соодветна должина на влакната

Премногу кратките влакна не можат да бидат отстранети добро, а премногу долгите се тешки за отстранување. .

Одбирете комфорно бикини

Памучната долна облека, е најдоброто што може да го изберете моментот по депилација, кога кожата е иритирана .

Сопрете со бричењето

Најмалку една недела пред постапката прекинете со бричењето во оваа зона. Инаку влакната ќе станат многу груби и тешки за отстранување.

Кашлање

Искашлајте во моментот, во кој се отстранува лентата со восокот, и свретете ја главата на една страна. Тоа го одвлекува вниманието од болката, а во името на естетиката можеме да поднесеме малку непријатност.