Денес умрев дедо! Јас ќе ја испијам оваа чашка, а на мојот погреб нека пијат што сакаат … | Lady

Денес умрев дедо! Јас ќе ја испијам оваа чашка, а на мојот погреб нека пијат што сакаат …


Автор: Драган Таневски

Седеше на подот, докрајчувајќи ги последните капки од струмичката мастика. Последното шише што му остана од дедо му. Дедо Ѓоко беше еден од најстарите мајстори во Грозд Струмица, и според зборовите на неговите колеги – единствениот вистински мајстор на занаетот. Тој на умирање му рече – „синко, еве ти 7 шишиња домашна мастика направена лично од мои раце. Посебна е оваа, и немој да ја пиеш без врска. Дека на секој човек му доаѓаат седум големи причини да се напие добра мастика. Првата е кога ќе стане полнолетен. Втората е кога ќе се вработи, третата е кога ќе ја најде жената на својот живот. Четвртата кога ќе му се роди дете. Петтата – на свадбите на неговите деца. Шестата – кога ќе ги испрати своите родители во вечноста. А седмата… седмата ќе ја остави да ја испијат неговите другари и роднини на неговиот погреб. Сега вети ми дека ќе ги чуваш и нема за ништо друго да ги потрошиш“. И тој му вети. Ете, сите овие години го чуваше тоа последно шише како очи во глава. Другите се потрошија. Се вработи… ја најде жената на својот живот… му се родија деца, на кои им направи свадби. Ги испрати своите родители во вечноста. Остана последното шише. Ќе го земеше шишето во раце со посебно внимание, ќе го погледнеше со некоја чудна тага и само ќе речеше – „Ееее… тебе смеам само да те гледам, а други ќе те пијат“ – и ќе го оставеше на неговото место. Но тој ден влета во собата целиот избезумен. Го грабна шишето, со растреперена рака го отвори и натегна голема голтка. Се потпре на ѕидот и полека се спушташе надолу. Огромна болка му го параше срцето. Во раката држеше згужвано писмо кое неколку пати го препрочитуваше. И секој пат како некој огромен нож да му се зариваше подлабоко и подлабоко во срцето. Натегна уште една голема голтка од неверојатното ремек-дело на дедо Ѓоко и почна да зборува на глас:

Дедоо… прости ми дедооо. Види што ми напишала:

Текстот продолжува на втората страна:

Страни: 1 2