Денес е неверниот петок



Денес држете ги партнерите внимателно, бидејќи е “неверен” петок или денот во кој луѓето најчесто ја искористуваат целата суета околу празниците, пишува “Дејли стар”, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија.

Последниот петок пред Божиќ е совршен изговор за неверните претставници на двата пола да му стават рогови на партнерот, бидејќи е најпопуларниот ден за службени забави или предпразнични запои со пријателите. Истражувањето е направено меѓу 1000 регистрирани членови на сајтот “Illicit Encounters”.

Од анкетата станува јасно дека 76 проценти од неверниците веќе ставиле или ќе стават рогови на партнерот во оваа недела. Импресивните 82 проценти од корисниците на сајтот од машки пол споделуваат дека трошат многу повеќе пари за подароци на љубовниците, отколку за брачните половинки.

Денешниот 18 декември е и денот во кој “другата жена” ќе го добие подарокот за Божиќ.