Денес е меѓународниот ден на бакнежот



На 6 јули се одбележува Меѓународниот ден на бакнежот.

Покрај емоционалното задоволство, психолозите се на мислење дека бакнежот го смирува нервниот систем и ги спречува негативните последици од стресот.

Неодамна, дури се појавил нов таб во науката наречен филематологија (philematology), чија цел е да ги проучува основните, психолошките и другите особености на бакнежот кај човекот.

Докажано е дека во крвта на човекот кој се бакнува се намалува нивото на кортизол, кој предизвикува стрес и се зголемува нивото на окситоцин – хормон на доверба и љубов.

Освен тоа бакнежот помага во работата на белите дробови.

Три бакнежи со просечна должина од 20 секунди наутро се во можност да ве “држат” во прекрасно расположение во текот на целиот ден.

Еве уште некои интересни факти за бакнежите:

Страни: 1 2