Денес е голем ден посветен на Света Елена – жената која го открила Светиот крст



Велика руска кнегиња, пред крштението се викаше Олга. Жена на кнезот Игор. Крстена е во Цариград од патријархот Полиевкт. Голема ревнителка на православната вера во Русија. Се упокои во 969 година.


Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се смета како светец. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст.

Според него, Света Елена, мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота.


Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос.