Денес е денот посветен на Света Ана и нејзиниот син Јован



Таа како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи била добродетелна девојка, еден големец ја омажил за неговиот син. Кога умрел старецот големец, навалиле роднините врз неговиот син за да ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството.


Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа.

На овој остров пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва.


Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован.

Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.