Dan John, официјален моден бренд на Мажи на Годината 2021



Оваа година официјален моден бренд за мажи на веќе традиционалниот настан „Мажи на годината“ е Dan John. Станува збор за италијански бренд за машка облека кој има повеќе од 100 продавници низ светот, а пред брзо време пристигна и кај нас, благодарение на Fashion Group Macedonia.


Брендот Dan John има високо реноме и е вистински синоним за елеганција и машкост. Тој е спој на традиционалната мода и модерните трендови, комбинација од токму она што му е потребно на секој џентлмен. Мажи на Годината е настан кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност, и токму затоа веруваме дека Dan John е бренд кој е наменет за оние кои веруваат во успехот.

Се гледаме на четвртиот официјален избор на „Мажи на годината за 2021“, на 14.12.2021 во хотел Double Tree by Hilton во Скопје со почеток од 20:00 часот.