Во последно време постојано гледаме како припадниците од посилниот пол доста се грижат за сопствениот изглед и опасно им парираат на дамите. Теретаните се полни со мажи кои редовно вежбаат и меѓу паузите меѓусебно си делат совети за тоа што е корисно да се јаде, а што не, колку пати на ден да се конзумира храната, што да се земе пред и после вежбање итн. Замислете, дури во некои теретани постои и 30 % попуст за жени од што се толку “заинтересирани” да ги посетуваат. По мало истражување, но и консултација со професионалци од оваа област, дознавме дека на жените не им е потребно "билдање" односно бодибилдинг, туку фитнес тренинг за да повторно го вратат првото место на конкурентскиот “пазар”. За да нема забуни, дознајте ги разликите меѓу бодибилдингот и фитнесот, како и она што е препорачливо да го правите за време на фитнес тренинзите.
1. Во бодибилдингот фокусот е во кревањето што е можно повеќе килограми, додека во фитнесот се работи со помала маса, но со многу повеќе повторувања.
2. Бодибилдингот е соодветен за зголемување на мускулната маса, а фитнесот за идеално обликување на телото и добра кондиција. Под претпоставка дела сакате да имате идеално обликувано тело, а притоа да немате намера да се натпреварувате покажувајќи ги Вашите екстремно манифестирани мускули, веројатно вашиот избор ќе биде фитнесот
3. Исхраната која неминовно треба да ги следи и двата тренинга е многу различна. И за двата тренинга потребни се чести оброци збогатени во протеини и јаглехидрати, но во бодибилдингот тие се многу поголеми и почести отколку во фитнесот.
4. Кардио вежбите се неопходни меѓу тренинзите. Тука спаѓаат трчањето, пливањето, возењето велосипед, танцувањето, а кога надвор нема услови за нив, соодветно е користење на собен точак, орбитрек или слична справа во теретаните или пак дома, но и трчањето по скали во вашата зграда, ќе ви заврши работа.
5. Не почнувајте без загревање! Како и за другите спортови, така и за овој потребно е околу 10-тина минути загревање со неколку едноставни вежби за да ги загреете мускулите на главата и екстремитетите, како и да се истегнете.
6. Барем првите тренинзи корисно и паметно е да консултирате тренер. Тој ќе Ви постави програма кон која ќе треба да се придржувате. Можеби на почетокот ова ќе ве чини повеќе, но верувајте, тоа е паметна инвестиција за да не губите време со неправилно вежбање, ниту пак да пореметите нешто на вашето тело. Верувајте дека тоа ќе Ви се исплати понатаму, но внимавајте да одберете проверен тренер!
Какви се вашите искуства со теретаните?