Дали знаеш дека утрата имаат поинаква боја кога ќе се разбудиш во негова прегратка ?



Не чекај да дојде утре …
За да му кажеш колку многу го сакаш..
Немој да чекаш , не знаеш утре што носи и каква ќе биде утрешнината ..Си ја избрала љубовта да ти биде ѕвезда водилка во животот а сега упорно се скриваш зад сопственото јас и бараш изговори .Го тераш инаетот да заживее , а срцето ти се стега при секоја помисла на него ..
Не чекај !..Животот се мигови на среќа , животот е љубов ..Ако ја нема среќата и љубовта , зарем нешто друго ќе вреди ?..
Немој да чекаш и деновите да ги полниш со воздишки , прашувајќи се дали да го завртиш бројот што го знаеш напамет , или да погледнуваш секогаш кога ќе светне семафорот на љубовта покажувајќи ти зелено светло ..За да поминеш белата зебра на несигурноста и да појдеш кај него .
Знаеш дека неговата прегратка силно ќе ја стегне твојата , знаеш дека него си го избрала од илјадниците други кои си ги сретнала ..Знаеш дека во неговиот поглед го читаш своето јас , кое заедно со него ја пишува вечноста ..
Дали знаеш дека утрата имаат поинаква боја кога ќе се разбудиш во негова прегратка ?
Дали знаеш дека тогаш душата тивко ти шепоти ..
Оди будалче ..Не чекај да поминат години ..Оди и не врти се назад во својот едноличен и монотон живот ..
Оди и разбуди го тоа што спие во двајцата .. Сама напиши го својот роман во кој главна улога ќе биде љубовта  со јагоди и шлаг ..
Љубовта со салата и узо , љубовта со палачинки и крем ..Љубовта која ќе го полни стомакот и ќе се смее во погледите ..Љубов која ништо не ќе може да ја надживее освен вие двајцата ..
Автор: Оливера Ширговска