Дали вреди да растуриш неуспешен брак поради љубов … (Исповед од девојка)



Стигнавме до шестата година од нашата врска и веќе бевме дефинирани како луѓе.. се уште сакавме да го поминеме животот заедно, се уште се сакавме како и порано..сексот беше совршен..а прељуба или други луѓе немаше ни во најосамените мисли во нашата глава.. ама.. останатите луѓе околу нас веќе почнаа да ја приметуваат разликата… поготово неговите.. нагласуваа дека не сум за него, дека сум послободно умна, дека ќе заработувам повеќе, дека ќе го влечам за нос и останати работи кои можат да следат кога ќе се вмешаат другите.. нас не ни беше тоа битно затоа што..нели, се сакавме.. дури и им се смеевме на останатите.. но, притисикот од неговите стана толку голем, што кога соопштивне дека ќе се земеме, неговите мислеа дека жовотот на нивниот син е отиден во пропаст.. тогаш, за прв пат сватив дека љубовта можеби не е се.., дека дури и да не се во право..дали пак јас сакам да бидам дел од семејство кое мене не ме сака…дали треба да бидам обична жена која се грижи за своето семејство треба да бидам онаква како што они сакаат?..или да си останам иста… промената на моето работно место притисокот го направи неподнослив и јас наместо свадба.. решив да ја раскинам врската.. а го сакав.. и тој мене..исто како и на почетокот.. на друг или друга – не помислувавме!


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3 4 5 6 7 8