Дали сте подготвени за најдобрите музички настани ова лето?



Се’ што треба да се направи е да се приложи ф.сметка за остварен шопинг во некој од локалите во Скопје Сити Мол со вредност над 3.000 ден. и да се дополни реченицата ,,Сакам да одам затоа што_________________________________ ! “


На тој начин се станува еден од потенцијалните добитници на 2 билети за некој од престојните настани, Sea Dance Festival, D Festival, Green Beach, Stefan Milkenkovic & Tango Compas .

Извлекувањата ќе бидат јавни, од кутијата ќе се извлекуваат по 5 добитници и ќе се поставуваат на гласање на facebook.com/skopjecitymall. Најлајкуваните пораки ќе бидат и добитници на билетите.


Според распоредот, кампањата започнува денес, а првото извлекување е на 09.07 (четврток), во 18 часот каде што ќе се извлекуваат добитниците на картите за Sea Dance Festival.

Второто извлекување е на 11.07 (сабота), во 18 часот, каде што 5-мина најсреќни ќе добијат по 2 влезници за D Festival. Третото извлекување е закажано за во петок, 17-ти јули, каде што дури 20-мина ќе добијат по 2 влезници за Green Beach Festival.


Четвртото и последно извлекување е на 25-ти јули, сабота, во 18 часот и 7-мина најсреќни ќе добијат по две карти за Охридско Лето.

Важно да се напомене е дека пријавувањето и приложувањето сметките е на инфопултовите во Скопје Сити Мол.