Постојат и ќе постојат сè додека сме живи, прашање е како да се препознаат бидејќи не може на секого да му веруваш и во секој човек да бидеш 100% сигурен дека тој е твојот вистински пријател, на кого можеш во секое време и секогаш да се потпреш, да си кажеш сè што ти лежи на срце и душа, без притоа никогаш да не помисли пријателот дека си му досаден бидејќи постојано му се жалиш.
А што да правиш кога ти е тешко и се полниш во гради ко некој бункер, сè додека можеш да се полниш, прашање на време е кога веќе не ќе можеш да се полниш, и во тој случај едноставно тогаш ќе пукнеш, како корита од нашите реки ќе се излееш и ќе се поплавиш.
Сето ова, за жал, ќе биде поплава со црвена боја, впрочем како нашата крв која се излива.
Кај ќе биде крајот никој не знае бидејќи кога ќе почне да се излива крајот го нема и не постои, туку само се изливаш до бесконечност.
Зошто пријателите понекогаш знаат да те бодат и повредат, добро прашање е.
Затоа бидете среќни, чувајте и негувајте ги постојаните и нови стекнати пријателства бидејќи се непроценливо богатство за кое нема и не постои цена, постојано дружете се со нив, додека смртта не ве раздели, времето ќе покаже кои се вистински пријатели.
Тоа се оние кои секогаш ќе бидат тука за вас во добро и лошо,во сите тешки и среќни моменти од вашиот живот.
Автор: Наташа Алексовска, Трепетот на душата