Дали ја приметивте оваа ракетка на Фејсбук? Еве за што служи новата опција (Фото)



Фејсбук апликацијата доби нова иконка која изгледа како ракета и која, кога ќе се кликне на неа, прикажува нов „news feed“. Имено, Фејсбук решил да ги оддели постовите на пријателите на еден „news feed“ и објави на страните кои сме ги лајкувале на друг.


Новата опција е наречена “Start Exploring” секција и служи за прикажување на постови од страни кои веќе сме ги лајкувале, но и работи за кои Фејсбук смета дека би можеле да ни бидат интересни, врз основа на анализата на нашиот профил.

Покрај стандардните постови, во “Start Exploring” табот ќе се наоѓаат и виралните видео – снимки и актуелни, вирални вести.


Извор : makedonijadenes.com.mk