Дали имате пар среќни обетки што ги носите на секој прв состанок? – 8 љубовни суеверија



Дали имате пар среќни обетки што ги носите на секој прв состанок? Дали потенцијалниот партнер го барате 3 дена после состанокот? Дали на венчавката ќе носите нешто старо, синo и позајмено? Ако одговоривте потврдно барем на едно прашање, вие сте суеверни кога е љубовта во прашање. Но, зошто да не?


Доколку суеверијата не ги сфаќате премногу сериозно, тие може да ви помогнат малку да се опуштите и да се чувствувате посигурни во овој луд свет.Докторката Џенет Пејџ, авторка на книгата „Омажете се оваа година- имате 365 денови за тоа“, вели за суеверието:

– Тоа е илузија дека имате контрола над судбината. Дури и ако се свесни дека не го контролираат случувањето, луѓето не се одрекуваат од љубовните ритуали.


Еве кои суеверија најчесто се сретнуваат кога станува збор за љубовта:

Фрлање парички во бунар за да ви се исполнат желбите


И во минатото жените фрлале парички застанати над бинар, и најчесто посакувале маж и деца.

Кинење ливчиња од цвет

Овој обичај потекнува од средновековна Франција, а стиховите поврзани со овој ритуал – ме сака, не ме сака, прв пат во малку подолга верзија е изговорени во Англија во 15-тиот век.

Партнерот се бара 3 дена после првиот состанок

За да ја скриете желбата и посакувањето, обично чекаме и до 3 дена за да повикаме симпатијата.

Бакнување на полноќ под имела за новогодишната ноќ

Текстот продолжува на втората страна

Страни: 1 2