Дали да му кажам дека го сакам?



„Ми се допаѓа едно момче и тоа многу, но не знам дали јас нему му се допаѓам“ – вели една млада дама. „Секогаш кога другарка ми ќе му пише нешто на Фејсбук, има нешто што се однесува на мене, а тој секогаш го изостава тој дел во неговите коментари. Таа ми вели дека тој намерно не сака да си ги покаже емоциите. И на Скајп ако не му пишам јас, тој никогаш не почнува разговор. Сакам да му кажам дека чувствувам нешто кон него, но ми е страв да не бидам повредена “

dali da mu kazam deka go sakam

Да му кажам или не?

Ова е главното прашање. Според она што го кажа, доколку не си спремна да ја прифатиш горчината на одбивањето, навистина е ризично да му кажеш. Без разлика дали другарка ти е во право, со исходот од таквата постапка ќе мора да се справиш ти. Во ваква ситуација најдобро е да организирате некаква групна средба – некоја забава или групно одење на кафе. Така полесно ќе можеш да процениш дали има некаков фидбек од негова страна.

Во меѓувреме, биди трпелива и чекај шанса да поразговараш со него. Не биди премногу директна, тоа може да го исплаши и да се повлече (да да, машките имаат уплав од вакви ситуации 🙂 ) Од друга страна, ако мислиш дека можеш да се справиш со ситуација во која тој ти вели дека не чувствува ништо кон тебе, тогаш можеш да се обидеш со едноставно изразување лице в лице. Со среќа 🙂