Венчален прстен …
На срцето му е топло , се смешка додека погледот упорно ги бара тие очи ..
Очите во кои стои запишана вечност на една душа , душа која знае да сака .
Во спомените и сликите , се редат насмевки и мигови на среќа .
Среќа 🤍
Да ја откриеш сосем случајно , ненадејно , да чувствуваш милина , тогаш кога ѕидовите на животот попуштаат , но тебе милион ситни ѕвездички ти го осветлуваат патот по кој чекори вечност запишана во срцето . Веќе и утрата добиваат поинаква боја , денот се буди полека , а душата се смее .
Венчалниот прстен свети се повеќе , бидејќи знаеш дека злато не е она што се купува во златарата ..
Злато е тоа што ќе свети заветно во душата , тоа што за навек ќе остане во неа .
Злато е денот што ќе се насмее во погледот , бакнежите кои ги разбира говорот на душата .
Многу венчални прстени стојат на прстот , но стегаат во душата , а има ..
За среќа има венчален прстен кој го кажува заветот даден пред Бога , завет во кој ќе се заколне душата и срцето на човекот .
Далечни се оние што спијат блиску , а не се познаваат ..
Венчалниот прстен ќе ги соедини токму тие , што душите заедно им спијат , ќе ги соедни тие што еден без друг не можат да дишат .
Нивните погледи се зародишот на љубовта , нивната топлина , нивната хармонија која знае да смири , да лекува , да заспива и да сонува ..
Многу венчални прстени стојат во фиоките на животот , но оние кои ги носи душата ..Ете тие светат ..За навек ..
Автор: Оливера Ширговска