„Да ве замолам за едно јогуртче, за со ѓевреков, да не го јадам на суво. Работев кај еден денес, не ми плати, ќе ви донесам пари утре, еве онде работам“



Гозба
По бурек сабајлево во локалната пекара. Додека чекав да се допече симитката, влегува човек во работничко одело. Имаше преку 50. Засушена вар и бетон на неговите чевли. Прастари, со врвките во различна боја, кафена и сина. Валкано капче на главата. Избраздено лице со длабоки брчки. Уште подлабоки пукнатини на грубите раце со крвави рани на неколку места. Сино одело кое посивело од прашина на колениците. Работничка класа. Типичен пример.

„Да ве замолам за јогуртче едно, ако може, за со ѓевреков, да не го јадам на суво. Работев кај еден денес, не ми плати, ќе ви донесам пари утре, еве онде работам, подолу, кај што е паркирано белоно комбе“… покажува со раката. Му се тресеше од срам, непријатно му беше. Надничар, си помислив. Ја стискаше ќесата во рака во која се наоѓаше ѓевречето, врзано во чвор. Момент кога ти се смрзнува крвта во жилите. За 15 македонски денари кои ги оставаш бакшиш, ги расфрлаш по дома, ги забораваш по џепови.

Продолжува на следната страна

Страни: 1 2