Да те наежи: Ја нашле црната кутија, а на снимките слушнале тивок разговор



Автор: Драган Таневски

Ја нашле црната кутија. На снимките преовладувало врескање, плачење и молитви, но техничарите успеале да извлечат и еден сосема тивок разговор:
– Бејби се плашиш?
– Да. Но сакам да останам присебна. Нека биде што мора да биде. Ти? – зборуваше со растреперен глас.
– И да и не. Знам дека ќе биде брза смрт. Нема да мораме да остариме. Знаеш дека татко ми имаше Алцхајмер. Замисли и јас да се разболам од тоа. Замисли да те заборавам. Не би сакал никогаш да те заборавам.
– Да… или јас да добијам канцер како мајка ми. Не би сакала никогаш да ми менуваш пелени. Да ме гледаш како ме снемува пред твои очи.
– Ама криво ми е што одложувавме дете…
– Тоа ме боли и мене. Ајде само да дипломирам, ајде уште да магистрирам, ајде само уште да добијам унапредување…
– Можевме да запослиме девојка да ни го чува. Ќе беше најсакано дете на светот. Ќе ги имаше твоите очи.
– И твојата коса. Сакам кадраво дете. Стално да ми биде бушаво. Ќе бевме најдобри другари. – рече таа низ солзи.
– Ама добри бевме заедно бејби, признај.


Страни: 1 2