Да си признаеш дека старееш



Во Холивуд сите се плашат од староста и вложуваат нечовечки напори да го скријат влијанието на одминатото време од лицето и телото.


И додека голем број актерки прават пластични операции, инјектираат ботокс и хијалуронска киселина, или се облекуваат со облеката на своите ќерки и прават се што е можно за да изгледаат како 20-годишни, Моника Белучи смело изјавува дека годините не ја плашат.

Таа ќе глуми во новиот филм за легендарниот агент 007. Италијанката сепак за својата идна улога во филмот, коментираше вака:


“Јас не сум девојка, туку зрела жена. Веќе имам 50 години. За прв пат Џејмс Бонд ќе има романтична врска со жена на таква возраст. Тоа е директно револуционерен концепт во серијалот за 007. Мислите ли дека сум луда, зашто ја прифатив улогата? Јас исто така имам слични сомнежи “, признава Белучи.

Во новиот филм од серијалот за тајниот агент Моника ќе се натпреварува за срцето на Џејмс Бонд со новата ѕвезда на француското кино, 29-годишната Леа Сејду.