
Да не беше љубовта , можеби ќе ги немаше ни сите други чувства кои ги поттикнува таа.Од секогаш , уште на самиот почеток , љубовта е тоа чувство што ги поврзува луѓето и ги зацврстува врските ..Семејните , роднинските , љубовните…За среќа , таа остана чиста , искрена и од душа подадена за сите оние што знаат да ја почитуваат , чуваат и делат , бидејќи на тој начин се чувствуваат среќни и исполнети..За каква и да се зборува љубов , таа секогаш ги има најубавите чувства..Би ја издвоил љубовта кон родителот кој несебично ја дарува на своите деца ..Таа се чувствува во секојдневните навики и грижа за децата ..Пожртвуваност и искрен пристап кон сите проблеми , обврски , и предизвици..Родителот не се штеди воопшто себе си , кога се во прашање неговите деца..Тој би го дал и последниот атом сила за насмевката и среќата на своето дете..Таа љубов е нераскинлива и трае за цел живот…Во родителите , ние децата секогаш ќе имаме верен пријател , другар , заштитник , учител и се она што ќе ни го олеснува нашето растење и развивање во возрасни личности на кои тие ќе бидат горди…Таа љувов е вечност..
Пишува: Оливера Ширговска