Да ја разгориме повторно страста



Обично со времето, желбите и привлекувањето кај една двојка се менуваат, но тоа не мора да значи отуѓување. Сепак, по одреден период престануваме да се чувствуваме “луди од љубов”, а наместо тоа доаѓа нова фаза на односите, кога стануваме поумерени.


Но, можеме ли да ја зачуваме возбудата жива, дури откако поминаа години и децении заеднички живот?

Има некои трикови кои ние, жените, можеме безбедно да ги користиме за да ја разгориме страста:


Обидете се да бидете мистериозна и непредвидлива за него. Во почетокот тој може и да не го разбере и да го игнорира, очекувајќи од вас да сте само неговата жена, но вашата упорност може да доведе до изненадувачки резултати.

Мажите сакаат пријатни изненадувања и интригантни жени. Затоа некои од нив погледнуваат кон “туѓото” – таму тие не бараат совршенство, туку загадочност.


Преземете иницијатива и изненадете го – направете без повод празнична вечера, купете билети за рок концерт или фудбалски натпревар, или едноставно организирајте кратка екскурзија на која нема како да откаже.

Однесувајте се со него убаво и пријателски. Понекогаш мажите се како нежни миленичиња – сакаат да се галат и чешат зад вратот. Смејте се! Смејте се многу и од срце кај секој погоден повод. Смеењето лекува, а таму каде што има искрена смеа, проблемите и лошото расположение немаат место.

Дали се сеќавате кога последен пат си рековте “Те сакам”? Може да ви звучи за клише, но признавањето на чувствата, дури и по долги години, може да има ефект во вашата врска. Сетете во кога и зошто се заљубиввте, побарајте ги овие работи повторно во партнерот…

Помогнавме нели?