Чувај ја, како китка цвеќе во градина , таа ти ја подари убавината на нејзината душа …



Кога ја имаш најубавата …
Чувај ја, како китка цвеќе во градина , таа ти ја подари убавината на нејзината душа. Погледни ја повеќе пати во денот, можеби ќе забележиш тага зад благата насмевка кога ќе те види . Не ги штеди бакнежите и преграките, уморот и грижите се лекуваат со љубов … Денот и минал во трка , во разговор со тие што не ја слушаат, во грижи како да се излезе на крај со проблемите …Ќе ја здогледаш и ќе ти биде јасно…
Дека времето лета …Еден ден кога староста ќе тропне на врати, таа повторно ќе се смее..
Со тебе, гледајќи те вљубено, исто како и првиот ден ..Ќе и бидеш малку смешен со капче на главата и по малку збунет поглед, но ќе бидеш истиот ..
Ќе ги сака твоите раце, тие што цврсто ја држеле кога се двоумела, кога копјата се кршеле, кога грижите биле закана и за вас двајцата …
Ќе го сака и твојот од, тие нозе што некогаш како срна потрчувале кон неа, да ја стасаат , тогаш кога сте играле…Како малите деца …
Ќе те сака тебе, тебе што те одбрала …Тебе што си дел од неа, дел од целото што го создадовте двајцата ..
Твојот поглед ќе и раскажува , а таа ќе се смешка, стутулена во твоја прегратка , тука никогаш нема да и студи , тука е топло ..Бидејќи нејзиниот дом ќе биде вечноста во твоето срце …
Кога ја имаш најубавата , …


Автор: Оливера Ширговска