Чувај ја и сакај ја баш таква каква што е



Немој да и досадуваш со
“Кој ти е тој и што те гледа така…” прашања.
Немој да ги мразиш нејзините бивши и да збориш дека се кретени, не зборувај ништо за нејзините бивши.
Не и ги број чашите.
Немој да и префрлаш како излегувањата и траат предолго.
Немој, немој да и кажуваш дека нејзините книги и музика се бесмислени, само затоа што ти не ги разбираш.
Прашај ја каде била и со кого затоа што те интересира и се грижиш, а не од тоа да направиш цела кавга поради љубомора.
Пушти ја гласно да се смее.
Пушти ја гласно да зборува.
Пушти ја да флертува.
Со алкохолот,
Со играта,
Со музиката ,
Со животот.
Да не ти смета нејзиниот црвен кармин.
Да не ти смета голотијата на нејзината душа.
Да не и поставуваш граници.
Да не и ставаш окови.
Нека биде своја, а ти биди свој.
Чувај ја и сакај ја баш таква каква што е.
Твоја.

Автор: Велевски Дејан