Чудото во Сушево: На сон и се јавил Свети Георгиј со порака дека има спас за нејзиниот живот



Во 2005 година Дубравка Делева, од Сушево, била на смртна постела, нејзините најблиски го очекувале најлошото, кога на сон и се јавил Св. Георгиј со порака дека има спас за нејзиниот живот.


Ја искачил на ридот над нејзиното село Сушево и ѝ го покажал местото каде требало да остави дар за Бога. Една недела Дубравка не можела да стане од постела, болките се зголемувале, а здравјето ја напуштало се повеќе и повеќе. Местото кое го сонила не било далеку, на десетина минути пешачење, а по краткиот пат со соседката стигнале на сонетата локација. Било полно со трње и плевел, но токму тоа место кое на сон и го покажал големиот великомаченик. Дубравка го оставила дарот и за миг застанала на нозе. Во Божјото чудо не можела да верува ниту самата. Трчајки заминала сред село како никогаш да не била болна, пишува Струмица денес.

– Од тогаш започнав нов пат, нов начин на живот, вели Дубравка која додава дека Св. Георгиј повторно го сонила.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3