Чоколадни коцки со лешници кои се прават за 5 минути



Подгответе сад со димензии 10 х 10 см и подмачкајте го со малку путер или масло и обложете го со хартија за печење.


Измешајте ги шеќерот и какаото и смесата ставете ја во сад кој го собира во микробранова.

Мешавината полејте ја со млеко, а на крај додадете го путерот на коцки.


Ништо не мешајте, ставете да се грее околу 2 минути, додека путерот не се стопи.

Извадете го садот од микробранова, додадете екстракт од ванила и со миксер добро измешајте на најјака брзина додека не добиете кремаста маса.


Во смсата се додаваат лешниците и се заедно се меша.

Смесата се префрла во претходно подготвениот и подмачкан сад и се остава во замрзнувач околу десетина минути.

После тоа, превртете го садот на рамна површина и добиената чоколадна плоча се сече на коцки.

Извор: попара.мк

Страни: 1 2